Браинобраин Програма

Генерални информации

Браинобраин програмата се темели на Абакус Ментална Аритметика (ВАК – методи) и НЛП (Неуролингвистичко програмирање)

На темел на долгогодишни истражувања на разни институции и заводи кои се занимаваат со истражување на човековиот мозок, утврдуваат дека  детскиот мозок највеќе се развива и формира во периодот од 4-14 година од животот.  Во тој период детскиот мозок најлесно впива и обработува информации, токму затоа е важно менталната гимнастика да се применува што порано и почесто.

Резултат? Зголемен потенцијал на мозокот!

Абакус метода

Денес, информацијата  за абакусот, како универзален ментален инструмент, е прифатена насекаде во светот – со помош на абакус за кратко време (3 месеци) се доаѓа до брзи и видливи промени во однесувањето на детето и неговите ментални способности. Абакусот во нашата програма е основното средство, всушност алатка со која се е постигнува посакуваната цел.

Тоа што го прави абакусот  различен и посебен е неговата структура и начин на работа.

Абакус е со впечатлив изглед, бидејки секоја колона, има своја вредност, децата лесно создаваат ментална слика во нивната глава и брзо и сигурно може да совладаат било која математичка задача која е ставена пред нив.

Завршетоците (врвовите) на човечки прсти се испреплетени со завршетоци на неврони – тие ги испраќаат сигналите кои се восприемаат од сетилата до мозокот, па така независно дали во темница или пак со врзани очи  ние  знаме да распознаеме дали сме допреле камен или четка за заби!

Бидејки абакусот се користи со прстите, тој го стимулира мозокот, особено ако активноста е поврзана со точно одредена задача или се повторува во интервали. Токму затоа математичките операции што децата ги изведуваат на абакусот се  извонреден  ментален тренинг, односно се исто како склекови или чучњеви за мозокот!

Во текот на наставата децата учат да ги визуелизираат топчињата на абакусот (визуелно сетило), синхронизирани со магични зборови (аудитивно сетило), па продолжувајќи со конкретни вежби или движења на точињата на абакусот  (кинестетичко сетило) за да се добие одговор на поставената задача.

Низ овој процес се одвива интензивен тренинг на мозокот што води кон генијални способности кај децата.
На повисоко ниво, кога децата се веќе добро свесни за абакусот, се воведува и визуелизацијата.

Визуелизација

Децата учат како да го визуелизираат абакусот, така што тој физички не им е повеќе потребен –  децата создаваат ментална слика во нивната глава, и во зависност од степенот кој го посетуваат и упорноста во секојдневните вежби, може да се визуелизираат исовремено до 10 абакуси, што значи дека истовремено може да работат 10 различни математички операции, дали собирање, одземање, делење, множење, децимали, итн.

Развојот на овие вештини (мулти-таскинг) во најраната возраст на детето, во суштина го прави животот полесен и квалитетно го подготвува за најсложените предизвици  во иднина.

Навремено вклучување на детскиот мозок

Ние во браинобраин ги развиваме и им овозможуваме на децата да ги развијат следниве способности:
брзина и ефикасност, континуирано учење, зголемено подобрување на концентрацијата, меморија, визуелизација, самодоверба, самосвесност, насочено однесување, креативност, брзина на процесирање на информацијата, зголемени визуелни и слушачки способности и самодисциплина.

Уникатноста  на програмата е во посебните услови во кои се изведува наставата, а тоа е реалксирачка и креативна атмосфера во која се најважни позитивните емоционални односи и каде сите деца се сметаат за мали генијалци!

Цел на Браинобраин програмата

Целта на Браинобраин програмата е секое дете во целост да ја разбуди својата генијалност и достигне повеќе животни цели користејќи ги максимално своите ментални капацитети.  Развивајќи го својот мозок, децата стануваат самосвесни и одговорни, го подобруваат квалитетот на својот живот и на тие околу нив. Го зголемуваат својот интелектуален капацитет и емоционална интелигенција и го подобруваат светот околу себе!

Прочитајте повеќе и видете ја програмата на дело на следниот линк: www.brainobrain/zosto-brainobrain-e-vistinsкiot-izbor-za-razvojot-na-vaseto-dete.com.mk

Contact Us

Ви благодариме на пораката, ќе ви одговориме/ќе ве контактираме во најбргу што можеме.

Not readable? Change text. captcha txt

Start typing and press Enter to search