За Нас

Браинобраин е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги трансформира животите на повеќе од 1.000.000 деца низ целиот свет. Има 850 успешни франшизни центри во повеќе од 25 држави во светот: Индија, Англија, Америка, Австралија, Македонија, Кувајт, Полска, Тајланд…Brainobrain Europe e Мастер – франшизер во Европа за детската светска академија-Brainobrain која има сертификат, ISO9001:2000

Цел

Секое дете да ги реализира и користи сите ментални вештини и способности, интелектуалниот капацитет, емоционалната интелегенција и животните квалитети.

Мисија

Децата да се реализираат во лидери и самите да се одговорни за сопствениот живот со голема самосвесност за своите однесувања и активности како идни жители на овој свет.

Визија

Едукацијата која ние ја креираме за децата секогаш да се темели врз основа на вистински човекови вредности: љубов, искреност, почит и среќа.

Нашата желба е подобар и поправеден свет во кој сите живеат во љубов, мир и меѓусебно почитување.

Што е Браинобраин?

Браинобраин e програма за деца која со посебни методи и техники овозможува да се реализира целиот мозочен капацитет. Користејќи го абакусот (стара калкулирачка машина) со ВАК (визуелно, аудитивно и кинестетичко примање на информација) методата, се обезбедува брзо и ефикасно учење зголемувајќи ја концентрацијата, фокусот, меморијата, визуализацијата, имагинацијата, додека НЛП (неуро лингвистичко програмирање) техниките, ги поттикнуваат и зајакнуваат личните квалитети како: самодоверба, самосвесност, насочено однесување, креативност, самодисциплина…

Физичките и забавните активности на Браинобраин часовите ги зајакнуваат мозочните функции: брзина, фокусираност, визуелни и слушачки способности…

Уникатноста на програмата е и во посебните услови во кои се изведува наставата, а тоа е релаксирачка, забавна и креативна атмосфера каде позитивните емотивни односи се најважни.

Обединувајќи ги овие две методи, абакус тренингот со ВАК методологијата и НЛП техниките,  Браинобраин програмата го подобрува функционирањето на детскиот мозок – ние го будиме “заспаниот” потенцијал кај децата – ја поттикнуваме генијалноста!

Генијалноста е 1% талент и 99% работа и вежба! – Алберт Ајнштајн.

Contact Us

Ви благодариме на пораката, ќе ви одговориме/ќе ве контактираме во најбргу што можеме.

Not readable? Change text. captcha txt

Start typing and press Enter to search