Програма BRAINOBRAIN
Основа на програмата Бреинобреин е абакус-менталната аритметика, ВАК-методот на учење и НЛП (невро лингвистичкото програмирање).
Врз основа на долгогодишните истражувања од страна на повеќе институции и агенции кои се занимаваат со изучување на човековиот мозок е утврдено дека тој кај децата се развива најбрзо и најефикасно во периодот од 4-14- годишна возраст. Тогаш мозокот на детето лесно ги прима и ги обработува информациите поради што е важно да се почне со ментални вежби, уште во најрана возраст, и тие да се практикуваат почесто.
Програмата Бреинобреин им овозможува на децата да ги користат истовремено и левата и десната половина на мозокот.
Нашата програма се темели на комбинација од три модерни методи:
Метод Абакус
Визуелизација
Децата се учат како да го визуелизираат Абакусот, така што тој физички веќе не им е неопходен. Децата создаваат мисловен шаблон во главата и во зависност од нивото кое го посетуваат и редовноста во секојдневните вежби, можат да визуелизираат истовремено до 10 Абакуси, што значи дека може истовремено да изврушваат 10 различни математички операции, било да е тоа собирање и одземање на едноцифрени, двоцифрени броеви, делење и множење. Развојот на овие мултитаскинг вештини во соодветна возраст на детето, прави животот да му е полесен и го подготвува за најсложените предизвици во иднина.
НЛП
Невро-лингвистичкото програмирање (НЛП) е еден од најголемите пробиви во областа на технологиите и реализацијата на човечкото совршенство.
НЛП осигурува разбирање за тоа како мислиме и делуваме, за да ни помогне да се научиме и да правиме соодветни промени.
Во основата на НЛП се поставени широк спектар методи и модели, кои нудат флексибилен развој, што носи видливи и брзи промени кај лицата кои го практикуваат и им дозволува да се адаптираат на променливиот свет.
ВАК метод
Општо прифатено е дека сите ние имаме омилен стил на учење. Некои од нас учат гледајќи (визуелно), други слушајќи (аудио), а трети чувствувајќи (кинестетички).
Оптимално вежбање и подобрување на меморијата се постига кога два или повеќе од тие модели ќе се искористат во секој даден момент.
Најновите истражувања покажуваат дека ако децата истовремено ја добиваат и запомнуваат информацијата, преку ВАК сетилата, во мозокот, нивното учење и помнење е најголемо и најбрзо и достига до полна мозочна активност. Затоа Бреинобреин ги користи трите техники на уникатен и иновативен начин, истовремено комбинирајќи ги со други методи, со цел да се зголеми капацитетот на меморијата до генијалност.
Центри
- АЕРОДРОМ
бул. АВНОЈ 4/3-4 (позади Т.Ц. Три Бисери)
078-388-986 - КАРПОШ
ул. Клепа 1/1-1
078-411-416 - ЦЕНТАР
ул. Железничка 40 (поранешна Јордан Мијалков, спроти Хотел Лимак)
074/201-109
- БИТОЛА
ул. Леринска 43/7 кат 1
070-286-612 - БИТОЛА
ул. Рузвелтова 17 кат 1
070-286-612 - ВЕЛЕС
ул. Благој Ѓорев 63/1-13
075/594- 887 - КУМАНОВО
бул. Октомвриска револуција 84 (спроти Браво Кеј)
074/201-109 - КОЧАНИ
ул. Лазар Андонов 1-1 (спроти ветеринарната станица)
072-273-245
070-320-287 - ОХРИД
ул. Димитар Влахов 52
078-227-433
076-291-126 - ТЕТОВО
ул. Илинденска 1/1
071-759-955